Владата одлучи да ги ограничи максималните продажни цени на единаесет вида овошје и зеленчук кои според анализите на Царинската управа и министерството за економија се продавале двојно па и тројно поскапо од увозната цена.
Во одлуката на Владата за замрзнати цени се наоѓаат доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, лимонот и мандарините.
Килограм домати ќе има цена до 70 денари, леќа најмногу до 110 денари за килограм.
Одлуката донесена денеска стапува на сила во среда а цените на единаесетт продукти ќе се прдаваат од 55 до 110 денари за килограм до крајот на овој месец.
– „Највисоките цени на овие производи, во трговијата на мало, се утврдуваат во висина: до:
-70 денари за килограм свежи домати,
– до 75 денари за килограм свежи краставици,
– до 60 денари за килограм кромид,
– до 70 денари за килограм карфиол,
– до 90 денари за килограм свежи зелени пиперки,
– до 75 денари за килограм грав,
– до 110 денари за килограм леќа,
– до 70 денари за килограм банани,
– до 55 денари за килограм портокали,
– до 60 денари за килограм мандарини и
– до 55 денари за килограм лимони“ – известуваат од Владата на РСМ.
Највисоките цени на производите посочени во оваа Одлука, во трговијата на мало, ќе се применуваат и на зелените пазари и тоа од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година, а Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Пазарниот инспекторат продолжува со контроли, дел од фирмите фатени дека продаваат по повисоки цени од замрзнатите се’ уште не ги платиле глобите.