Победникот на Школскиот шаховски натпревар за општина Гевгелија од декември 2022 година, Илија Велков изминатиот викенд ги бранеше боите на ШК „7-ми Ноември“ од Гевгелија на Меѓународниот младински турнир “Наум Наумовски – Борче“, што се одржа во Скопје.
Нашиот школски првак успеа во конкуренција од 108 шахисти натправарувачи да се избори за 35-то место.
На „шаховскиот подиум“ Илија учествуваше во 7 натпреварувачки кола и успеа да се избори за 4 поени, со тоа што оствари 3 победи, две нерешени и две изгубени партии.
Ова е прво учество на Шаховскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија како регистриран спортски клуб за шах преку Агенцијата за млади и спорт на настан кој го организира Шаховската федерација на Македонија.
Учеството на Илија на тродневниот младински меѓународен турнир го финансираше Шаховскиот клуб од Гевгелија. Претседателот Пепи Танчев за настапот на нашиот школски првак изјави:
– „Ова на Илија Велков му беше прв званичен турнир во негова конкуренција и ние како клуб сме задоволни од постигнатото, со верба на наредниот турнир дека ќе биде со уште подобар резултат“, истакна претседателот Танчев.
Честитки за IX-то одделенецот од ООУ „Крсте Мисирков“ Илија Велков кој успешно се претстави на својот прв меѓународен младински настап. Посакуваме уште успеси!