Физикалната терапија при „Негорски Бањи“ Гевгелија доби почесна плоча во чест на починатата д-р Билјана Ичева.
Плочата е поставена на влезот од Физикалната терапија и е во сеќавање на д-р Билјана Ичева, која беше специјалист физиотерапевт, дипломираше на Медицински Факултет во Скопје, а целиот свој работен век го помина во Физикалната терапија при Негорски Бањи Гевгелија.
За неполни два дена се навршуваат две години откако прерано ја напушти саканата Гевгелија. Почина на 11 април 2021 почина од ковид-19 на 61 годишна взраст.
Беше скопјанка со семејни корени од Гевгелија, сопруга на Божин Ичев, д-р ренгенолог вработен во Општа Болница Гевгелија, а мајка на две деца.
Почесната плоча за нејзината вложена тридецениска професионалност е поставена со одлука на управата и колективот на „Негорски Бањи“ АД заради секогаш ценетата колешка, другарка, пријателна.
Почесното признание се доделува:
„За целокупниот придонес за афирмација на дејноста на „Негорски бањи“ АД и особено уделот што го има дадено во делот на здравствените услуги во областа на физикалната терапија и рехабилитација унапредувањето на тераписката култура, здравствено социјалните потреби и сите активности што се од огромно значење за развојот на „Негорски Бањи“ АД с.Негорци-Гевгелија“.
Почесното признание за д-р Ичева е поставено на 7 април, Светскиот ден на здравството во присуство на колегите, управата и сопственикот на „Негорски бањи“ АД Трифун Костовски.
Билјана беше скопјанка со семејни корени од Гевгелија. Секое лето доаѓаше во Гевгелија и овде на гевгелиското корзо ја запозна својата љубов и иден сопруг Бошко Ичев, д-р рентгенолог. Беше мајка на две деца, сакана од смејството, почитувана и ценета од гевгеличани. Лечеше пациенти кои имаа маки, а самата ги дочекуваше со насмевка и со насмевка ги испраќаше среќните и благдарни пациенти.
Билјана не беше научник, не измисли лек, нее конструираше протеза, но остави пациенти со вечна благодарност за сите нејзини упатени насмевки со кои ги грееше гевгеличани, ги „омекнуваше“ болките на пациентите, ја лечеше траумата на посетителите на Негорски Бањи, им оставаше сонце во сеќавање на тие што ќе посакаат повторно да ја посетат Гевгелија и познатите минерални топли води во Негорци.
Вечен спомен!