Ученици од VIII и IX одделение при ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија минатиот петок го посетија Парламентарниот дом на РСМ – зградата и кабинетите на Собранието на Република Македонија.
Беа пречекани од госпоѓата Соња Стаменковска-советник историчар, со која направија обиколка на Собранието. Ја разгледаа внатрешноста, свечените сали, работниот кабинет на Претседателот на Собранието, салите каде се одржуваат комисиските расправи, каде се пречекуваат гости на посета од странски земји.
Учениците добија сознанија за историјатот на демократијата во Република Македонија, функционирањето на Собранието, застапувањето на претставници избрани од граѓаните, носењето одлуки и спроведувањто на истие за добробит на заедницата.
Посетата беше одржана во склоп на наставната програма по граѓанско образование.
За учениците ова беше несекојдневен стил на едукација, непосреден, интерактивен, зошто овде во зданието на Законодавниот дом можеа слободно да ја прашат г-ѓата советник историчар, домаќинката на посетата , да одгвара на нивните прашања.
Овие љубопитни и умни глави посетата на главниот град на нашата држава ја дополнија и со средба со писателката Милијана Павловска и поразговараа со неа за нејзините дела, за нејзиното богато творештво. Низ разговор учениците дознаа како е да се биде писател, од каде е инспирацијата за нејзините романи, а ги разгледаа и новите книжевни наслови во книжарницата.