Радосната вест за Христовото Воскресение со биење на камбаните еден час порано од кај нас се случи вечерва во црковните храмови во православна Грција.
Ова е црковната процесија која се изведуваше во малото селце Статмос Ангиста, што се наоѓа во областа Серес, северна Грција.
Обичаите се исти како и кај нас – локални свештеници ја изведуваат свечената процесија, а бројни граѓани со свечено украсени свеќи го чекаат Христовото Воскресение. Со радосната вест и со се’ уште светлечки свеќи се враќаат дома да го однесат Благодатниот оган во својот дом за здравје и бериќет.
Милоста Христова е секаде во овој свечен празничен настан каде се почитува и негува Христијанската вера.
Христос Воскресе!