Централниот настан “Воскресението Христово” е вечерва на полноќ. Црковните храмови во Гевгелија се подготвуваат за пречек на радосната вест.
“Ако не воскреснеше Христос ќе згаснеше нашата вера”, се вели во Евангелието.. Во чест на тој чин во манастирот “Св. Вознесрние Христово – Свети Спас” во Гевгелија поставен е најголемиот цветен аранжман, во форма на Велигденско јајце, симболот на животот и победата на животот над смрта.
Благодатниот оган се очекува да пристигне од Ерусалим, преку Скопје до Гевгелија вечерва во 22:30 часот во манастирот “СвСпас”.
Да го чествуваме овој голем ден и со милост и добрина да ги исполниме нашите срца.