Вториот конкурс за најубава фотографија на нашиот планински убавец „Кожуф во зима“ во органозација на ПСК „Двете уши“ Гевгелија заврши, а и гласањето исто така.
Со искажаните „допаѓања“ на социјалните мрежи со 637 гласви (двојно повеќе од второпласираната фотографија) победник на конкурсот е фотографијата на Јована Ивановска, членка на ПСК „Двете уши“. Гласањето траеше од 4 април, до синоќа на полноќ.
Со тоа Јована се стекнува со награден ваучер за набавка на спортска опрема во вредност од 3.000 денари.
Сите 23 фотографии кои учествуваа на конкурсот ќе бидат дел од изложбата што ја организира ПСК „Двете уши“, во своите клубски простории закажана за 24 април.
Честитки за фото документираната убавина на најуспешната Јована и на сите љубители на Кожуф кои се дружеле со фото објективот додека престојувале на планина.
“Фотографијата е доловена убавина на животот”