Фолклорниот ансамбл од Гевгелија „Бојмија“ денеска на Меѓународен фолклорен фестивал “Велигденски Средби 2023” одржан во Ораовица, Радовиш, имаше одличен настап и освои заслужена награда ГРАН ПРИ.
На 55-тиот јубилеен Меѓународен мултикултурен изворен фолклорен фестивал беа присутни повеќе ансамбли и КУД-ва, но заслуженото Гран При отиде во рацете на „Бојмија“ и попладнево доаѓа во Гевгелија.
За Гевгелискиот ансамбл „Бојмија“ ова е второ освоено Гран При по освоената Плакета на „Тодорова сабота 2023“ одржано во март 2023 во Свети Николе.
Етнички предел: Бојмија со сплетот народни песни и игри од Етнографска целина на Јужна Македонија ги плени сите од публиката каде и да настапува со разиграните и распеани членови на „Бојмија“..
Честитки за Ансамблот „Бојмија“! Нека се множат наградите.