Хуманитарна донација од гевгеличанец за гевгеличани – наменета за лицата со посебни потреби, жители на општина Гевгелија.
Оваа добрина доаѓа со името на Ице Бегов – именосецот на Фондацијата од Скопје која е формирана во негов спомен и незаборав по предвременото заминување од овој свет како последица од ковид компликации.
Фондацијата „Ице Бегов“ од Скопје, основана за поддршка на социјално- загрозени лица и лица со попреченост пред Велигден донираше наменско возило за инвалидизирани лица и лица со попреченост кои се евидентирани во општина Гевгелија, со цел да им го олеснат нивното движење, посета на организирани настани, групни активности.
Возилото е опремено со пристапна рампа со лифт за влез на лица кои користат помагала при движењето.
Наменското возило со Договорни клаузули беше донирано на општина Гевгелија која има обврска да ја помага оваа категорија на лица, да обезбеди возач кој ќе им биде на услуга за транспорт на овие лица, динамика на користење, одржување и слично.
Договорот е потпишан минатата недела со претставници од Фондацијата „Ице Бегов“ и градоначалникот на оптина Гевгелија. Возилото остана на користење паркирано пред влезот на Народнит Театар каде беше направена групна фотографија со дел од корисниците, кои на задоволство на донаторите изјавија дека вакво возило ќе им биде од голема помош во активностите на лицата со посебни потреби и динамизирање на нивните урбани посети.