четврток, 3, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Tajванската корпорација „Јагео“ влегува во Македонија со 250 милиони евра инвестиција

„Јагео“ ја објави најголемата инвестиција во С. Македонија - ќе отвори 4.000 работни места во пеиод од 10 години

април 18, 2023
in MАКЕДОНИЈА, СВЕТ
Tajванската корпорација „Јагео“ влегува во Македонија со 250 милиони евра инвестиција
0
SHARES
80
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Тајванската компанија „Јагео” и официјално влегува во Македонија. Договорот за инвестицијата вредна 250 милиони евра, која треба да отвори околу 4 000 нови вработувања, денеска во Таипеи го потпишаа директорот на дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски и менаџментот на конзорциумот „Јагео”.

Делови и компоненти за „Тесла” и „Епл” произведени во С. Македонија. Тајванската групација „Јагео” ги обелодени плановите за проширување на инвестицијата во Македонија. Договорот кој беше потпишан во Тајпеј, го добива епитетот најголема гринфилд инвестиција во Македонија. Со вкупен износ од 250 милиони евра и план за отворање на 3.900 работни места во период од десет години. Позитивното искуство од работењето на „Кемет”на македонскиот пазар, кој пред две години стана сопственост на Тајванската групација била клучна за одлуката:

Related posts

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

јули 1, 2025

„Направивме многу истражувања во регионот, но две причини за нас беа пресудни да ја одбереме Македонија за оваа инвестиција. Првата беше досегашното 10 годишно искуство од работењето, но и позитивниот однос и поддршка што ја довивме од страна на владата. Дополнително за нас е важна стабилноста на државата, но исто така и квалитетот на работната сила”, изјави Дејвид Ванг, главен извршен директор на Јагео.

Јагео ќе инвестира 250 милиони евра.

„Јагео” планира да изгради два нови производствени капацитета, Едниот во Скопје, а вториот во Штип. Првично, фокусот ќе биде зоната во непосредна близина на метрополата каде изградбата треба да стартува во текот на наредната година.

За првиот човек на ТИРЗ, инвестицијата е од големо значење, не само поради фактот што е досега најголема, туку и што е добиена во конкуренција со земјите од регионот:

„На почеток кога дојдоа за нас беше само сон, дека можеме да обезбедиме една волку голема инвестиција во земјата, да дојде кај нас. Процесот на преговори не беше лесен бидејќи од другата страна имавме сериозна компанија која знае што сака а имавме и конкуренти од регионот, пред се од Србија и Хрватска. По една година со заеднички напор, не само на ТИРЗ, туку и на сите институции кои беа вклучени во процесот“, изјави Јован Деспотовски-директор на ТИРЗ

Потписот на договорот преку видео конференциска врска го поздрави и македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Тој нагласи дека влезот на „Јагео” на македонскиот пазар е за доброто на сите граѓани и додаде дека концептот на привлекување на инвестиции дава резултати.

Инвестицијата на „Јагео” отвора можности и за домашните компании кои добиваат можност да станат дел од снабдувачкиот синџир на компанијата:
– „Сакаме да привлечеме на македонскиот пазар да инвестираат наши глобални партнери, но исто така сме отворени за соработка и со домашни компании. Очекуваме од Владата да ни достави конкретен список на компании со кои би можеле да соработуваме. Но исто така сакаме да инвестираме и во човечкиот капитал. Планираме инвестиции во развој во соработка со домашните универзитети во насока на креирање додадена вредност“, изјави Андреас Мајер”, шеф за операции на компанијата.

„Јагео” е основана во 1977 година и се смета за еден од најголемите глобални добавувачи во автомобилската индустрија, зелената енергија и електроника. Има 49 производствени капацитети на глобално ниво со 40.000 вработени, со годишен обрт од над 4 милијарди долари.

Извор: DW

ShareTweetShareSend
Previous Post

Наменско возило од Фондација „Ице Бегов“ за лицата со попречност во Гевгелија

Next Post

Ѓура Мара – традиционална манифестација на Трет ден Велигден

Next Post
Ѓура Мара – традиционална манифестација на Трет ден Велигден

Ѓура Мара - традиционална манифестација на Трет ден Велигден

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Бојана Проданова од Гевгелија добитник на трета награда за литературен конкурс

Бојана Проданова од Гевгелија добитник на трета награда за литературен конкурс

1 година ago
Приведен 20 годишен гевгеличанец

Приведен 20 годишен гевгеличанец

2 месеци ago
Признание за Kети Крајчева и Ангел Узунов – стократни крводарители од Гевгелија

Признание за Kети Крајчева и Ангел Узунов – стократни крводарители од Гевгелија

1 година ago
1 Декември – Светски ден за борба против ХИВ/СИДА 2023

1 Декември – Светски ден за борба против ХИВ/СИДА 2023

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist