Екипата на „Партизан“ Гевгелија дојде до победа на домашен терен против екипата на Овче Поле со резултат 37-33.
Тимот од Гевгелија на полувреме имаше предност од 17-14. Во второто полувреме Овче Поле попушти, па на крај Партизан Гевгелија се радуваше на победа.
Најефикасен во тимот на „Партизан-2016 Спорт“ Гевгелија беше Илија Роглев со девет погодоци, додека кај екипата на Овче Поле најефикасен беше Бојан Гичев со 13 погодоци.
РК „Партизан“ се натпреварува во Прва лига мажи во Плеј-аут и моментално е на 3-та позиција со 8 одиграни натпревари и 5 победи.
Следниот натпревар од лигата ракометарите од Гевгелија ќе го играат против РК „Бисинов Фруит Ленд“ на 22 април во 14:00 часот. На 30 април ќе им гостуваат на РК „Текстилец“.