сабота, 10, јуни 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Притвор за двајцата криумчари на мигранти кои го предизвикаа крвавиот инцидент во Гевгелија

На осомничените за кривичното дело им се запретува казна затвор до 5 години, на секој од двајцата извршители поодделно

април 20, 2023
in MАКЕДОНИЈА
Притвор за двајцата криумчари на мигранти кои го предизвикаа крвавиот инцидент во Гевгелија
0
SHARES
361
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Постапувајќи по кривичната пријава доставена од Министерството за внатрешни работи, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе предлог за определување на мерката притвор против две лица, К.Ј. (26 г.) и С.Б.(51), и двајцата од Скопје. Лицата се осомничени дека во текот на вчерашниот ден сториле кривично дело Криумчарење на мигранти од член 418 – б став 2 во врска со член 22 од КЗ.

Полициските службеници од ПС за ГП и ГН “Богородица” вчера, во раните утрински часови, при вршење на работи од нивна надлежност, на паркинг просторот на м.в. “Стара касарна” во Гевгелија ги затекнале осомничените во вршење на наведеното кривично дело. Имено, второосомничениот С.Б.(51) во улога на чистач, со ПМВ марка “Ford Focus” што го управувал, на илегалните мигранти кои чекале во близина им дал звучен сигнал за да излезат. Првоосомничениот С.Б. (21) пак, во ПМВ марка “Mercedes” со бугарски регистерски ознаки, кои ознаки минатиот месец биле пријавени за украдени од подрачјето на Гевгелија, ги прифатил со намера да ги превезе и започнал да ги сместува во задниот дел од возилото. Додека траело сместувањето на мигрантите, со цел да бидат обезбедени затекнатите лица, полициски службеник презел дејствие и ги предупредил со “Стој полиција”. Додека преземал дејствија за лишување од слобода на првоосомничениот, осомничениот физички го нападнал полицискиот службеник и во текот на нападот бил испукан куршум од службениот пиштол, кој предизвикал фатални последици завршувајќи во тело на мигрантка која веќе била сместена на задното седиште во возилото.

Related posts

Трагична сообраќајка – Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино во прекин

Трагична сообраќајка – Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино во прекин

јуни 9, 2023
(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

јуни 8, 2023

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на двајцата осомничени кои се гонат по скратена постапка им определи мерка притвор.

Воедно, надлежен обвинител од Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со цел да се испита одговорноста на полицискиот службеник формира предмет и донесе Наредба за вештачење на папиларните линии на службениот пиштол, како и на други траги врз основа на кои ќе се утврди кој го испукал куршумот со кој е предизвикана смртта кај мигрантката.

На осомничените криумчари на мигранти според обвинението по Кривичниот законик на РМ им се запретува казна до 5 години затвор:
„(2) Тој што врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа мигранти, ќе се казни со затвор од една до пет години“ (Член 418-б, став2 од КЗ).

Согласно член 22 од КЗ, на секој од извршителите на кривичното дело им следува истата казна од член 418-б, став 2. Вака вели член 22 насловена како „Соизвршителство“ и гласи:
„Ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив ќе се казни со казната пропишана да тоа дело.“

ShareTweetShareSend
Previous Post

Гевгелиски „Партизан“ славеше победа над Овче Поле

Next Post

Хуманитарна РОК вечер во Гевгелија

Next Post
Хуманитарна РОК вечер во Гевгелија

Хуманитарна РОК вечер во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Пет години од испраќањето на д-р Петков кон Монт Еверест

ВИДЕО: Пет години од испраќањето на д-р Петков кон Монт Еверест

3 месеци ago

Нов објект на Црвен крст Гевгелија после 55 години – потстрек за работа и напредок на хуманата мисија во Гевгелија и регионот

6 месеци ago
Приведени 2-ца гевгеличани и еден богданчанец

Приведени 2-ца гевгеличани и еден богданчанец

6 месеци ago
Празничен полициски билтен – двајца притворени

Уапсени двајца жители на Богородица

1 месец ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023
  • ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!
  • Гевгелиски ученици од угостителска струка освоија 10 медали

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

јуни 10, 2023
ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

јуни 10, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist