Поп пејачката Наташа Крстевска – Мијата објави нова песна во соработка со групата Фолтин.
Песната се нарекува „Ме боли“, а тоа е француско-македонска шансона.
„Ме боли“ е нејзино авторско дело, а аранжманот бил заеднички со Фолтин и се снимал во студио „Алшар“ во Скопје.
Песната ќе има и целосна француска верзија со наслов „C’ est joli“, која ќе биде премиерно извдена на француската телевизија „TV 5 Mounde“, која ги поддржува франкофоните.
– „Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се Фолтин, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет“, вели Мијата.
Видео записот се случи во соработка со универзитетот Европа Прима, каде магистрант е актерката Јелена Мијатовиќ, која направи трансформација за потребите на изведбата, додека Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, ги изработи снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата.