Македонската репрезентативка во традиционално таеквондо, 13 годишната Христијана Парулеска од Охрид, освои златен медал на Европското првенство што се одржува во италијанското летувалиште Јесоло.
Државната првенка Парулеска во финалето во борба до 50 килограми ја совлада репрезентативката на Украина и се искачи на континенталниот трон.
Ова е првпат во историјата македонската химна да се интонира на Европско првенство во традиционално таеквондо.
Парулеска пред два дена во силна конкуренција репрезентативци од 27 држави од контитентот освои и сребрен медал во категоријата борба со замислен противник.
Значи Христијана од Италија се враќа со титула европски првак и носител на два медала – Злато и Сребро.
Уште еднаш прогласувањето на Европскиот победник во теаквандо за 2023 и интнирањето на Мекдонската химна.
Честитки за Христијана и големо БРАВО!