По повод 22 април, Денот на поштенските работници во Македонија и 77 години од воспоставувањето на трите комоненти на комуникацискиот систем во државата
Трите компоненти на комуникацијата започнуваат да се применуваат во Гевгелија веднаш после ослободувањето од ВСВ во 1946 година. Тогаш е поставена првата индукторска цантрала со 20 телефонски броја, на која биле вклучени првите 19 претплатници. Тогаш имало само 9-мина вработени. До 1968 бројот на претплатници расте до 100, а следната 1969 г. е монтирана првата автоматска телефонска централа со 200 броја.
Во 1973/74 е изградена новата модерна зграда на ПТТ Гевгелија, а современата автоматска централа, нова, имала капацитет од 2.000 броја. Корисниците од тој период знаат дека за добивање број се плаќала противвредност од 1.000 германски марки, (сегашни 31.000денари).
Интересот за телефонски број за сопствени потреби во домаќинствата растел, а капацитетот на централата целосно распродаден и во функција. Ново проширување ќе има следната декада со дополнителни 800 броја. А, дотогаш голем број од корисниците во немање можност да имат самостоен број прифаќале да бидат поврзани на иста линија со друг број, најчесто со сосед/корисник. Двојникот се разликувал само по првата цифра, но ако вие разговарате двојникот не може да прима повици, ако двојникот разговара вие не можете ниту да примате ниту да бирате повици. Но, потребата за телефон беше голема, комуникацијата со овој апарат големо олеснување за имателите на истиот и луѓето го прифаќале и овој начин на телефонски приклучок.
Забрзаниот развој на телефонскиот сообраќај доведе до приватизацоја на овој сектор. Телеграфските пораки изумреа како потреба во ерата на дигитализација. Остана само Поштата да го слави денот на поштенсните работници во Македонија.
Среќен ден на сите поштенски работници во државата!
Фото: Зградата на ПТТ Гевгелија – 1985 год.