Месна Заедница Стојаково под покровителство на општина Богданци го најавува организирањето на Првомајските трки 2023 година во нивното село, традиционална празнично-спортска манифестација позната во регинот и пошироко.
Веќе е обезбеден богатиот награден фонд, а пријавувањето тече.
Огласени се неколку категории на спортски трки и натпревари. Тука се: трките со кожи, должински трки за јуниори и јуниорки од 8 до 11 години, трка на кадети (маки и посебно женски) за возраст од 12 до 15 години, трки за сениори (М/Ж), трки во вреки (М/Ж), трка со магариња, должинска трка до 3.000 метри, трка со велосипеди, теглење на јаже и борба со раце (М/Ж).
Посебна атракција надалеку зборувана е трката со магариња која е единствен вид во овој регион. Стојачани ова го доживуваат како забава, а публиката со навивање и бодрење го прифаќа и овој редок спортски натпревар кај нас.
Наградите се движат од 300 денари, оние симболичните за деца до 7 години, до 3.500 денари за победникот на трката со коњи, трката со магариња носи награда од 2.000 денари за победникот.
Пријавување започнува да тече од понеделник 24.04.2023 до петок 28.04.2023 петок.
Организатор е Месна заедница Стојаково, која го задржува правото на промени. Пријавувањето за јуниори и кадети е во училиштето кај професор Попов Томе. За другите трки кај Сашо Фарина Улишев, или тел. 078-385-063.
СО СРЕЌА НА СИТЕ!
Почеток во 09.30 часот со отварање на тркитена 1 Мај 2023 во Стојаково.
Настанот е со поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и општина Богданци кои заедно склучија меморандум на соработка со цел туристички развој на еко-руралните средини и промоција на традиционалните активности во регионот.
Населено место Стојаково е пример дека традицијата што грижливо се негува и чува трае навистина долго. Уште во далечната 1951 година почна да се организира трката со магариња и коњи, која традиционално и оваа година ќе се одржи на 1-ви Мај, во рамки на културно спортската манифестација по повод меѓународниот Ден на трудот.
Спојот на минатото и сегашноста ги прави жителите на Стојаково горди, имајќи предвид дека овие натпревари се дел од нивниот живот и традиција која трае повеќе од 60 години.