Во неделата, на 23.04.2023, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.А.(42) од с.Богородица, гевгелиско.
При претрес, извршен со судска наредба, во станот кој го користи во Гевгелија и во напуштен објект во с.Богородица, кој бил отклучен со клуч пронајден во станот, биле пронајдени и одземени околу 15 килограми марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Според КЗ (член 215) приведениот се соочува со казна затвор од три до дест години.
Во Член 215 од КЗ пропишано е следново:
(1) Тој што неовластено организира, произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од три до десет години.