Тим од 14 ученика од „Машинската струка“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија заедно со 2-ца свои наставника од минатата недела се на образовен престој во Германија, во рамките на проектната соработка „Еразмус +“.
Овде тие учествуваат во мобилната настава од областа на машинството. Сите ученици се од наставната квалификација за „машински техничар за моторни возила“.
Едукативните елементи се збогатени и со посета на музејски експонати за големината и напредокот на машинската индустрија во Германија, почнувајќи од тенковите употребувани во ВСВ, па се до новите компоненти во роботиката, вселенските програми.
Преку Еразмус проектите. учениците имаат можност да се стекнат со нови знаења, вештини и искуства и да се запознаат со технолошките процеси на некои од светски познатите компании што им овозможува огромна предност во процесот на вклучување на пазарот на труд.
До сега ученици од СОУ „Ј.Јсифовски“ од Гевгелија остваруваа проекти од „Еразмус“ програмата во сферата на Угостителството и туризмот и секторот Економија.
За прв пат и „Машинскиот сектор“ е опфатен со европските проекти за образование со мобилните тимови на ученици во други европски земји. Ваквиот начин на соработка и младинска мобилност помеѓу земјите од ЕУ е неопходна за развој на претприемнички компетенции и зајакнување на учење засновано на пракса.
Па, да ги очекуваме новите идни „машинисти“ кои ќе посакаат своето идно образвание да го усмерат кон „машинското инженерство“ за потребите на домашната економија и развој.