Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска им додели медал на спасувачите кои од земјава заминаа да помагаат во извлекувањето на преживеаните и справувањето со последиците од катастрофалните земјотреси што се случија во февруари годинава.
Ердоган, како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), доделил Врховен државен медал за пожртвуваност.
„Ердоган, пред присутните во салата, го изрази своето среќно искуство да им се придружи на локалните и странските тимови за потрага и спасување, кои се жртвуваа во земјотресите во Кахраманмараш и Хатај, по повод церемонијата на доделување на државниот Врвен медал на жртвување“, соопштија од ДЗС.
Церемонијата на доделување медали се одржа во Националниот конгрес и културен центар во Бештепе, а во име на Република Северна Македонија медалот го прими заменик-директорот на ДЗС, Зулфиќар Зејнулаи.
На настанот присуствувал и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски.
Покрај тимови од ДЗС, во спасувачките мисии во февруари во Турција заминаа и припадници на Армијата на Република Северна Македонија, како и тимови од противпожарните екипи од неколку градови во земјава.
Меѓу спасувачите беа и 4-ца пожарникари од Гевгелија: Димитар Горгиев, Кире Калинов, Дејан Иванов и Горан. Тие беа во спасувачка мисија од 08.02. до 16.02.2023 година во градот Адиаман.