За јубилејот 150 години од Македонската железница (МЖ), во Скопје беше отворен Музејот на железницата.
Во просторијата која се наоѓа на железничката станица во Скопје, има поставено стотина предмети поврзани со работа на железничарите, собрани од железничките станици во земјава. Тие претставуваат дел од историјата на МЖ.
Првиот воз во Македонија стигна во Велес на 9 април, 1873 година, а тргнал од Солун, што значи помина и низ нашата Гевгелија. 13 години подоцна Гевгелија станува со царски указ градска касаба надлежна за уште 70 села од непосредната околина. Гевгелија економски и туристички продолжува да расте со развојот на железницата и интензивирањето на меѓународниот сообраќај и трговски промет.
Дел од експонатите се и од Железничка станица Гевгелија.
Ако сте имале прилика да ги посетите деловните простории во Железничка станица Гевгелија сте ја забележале минатовековната патина на канцеларискиот мебел, старите бироа со дрвен масив, старите столици, фотељи, старите ламби, како да сте се преселиле во некој стар југословенски партизански филм. Ете, таква патина нуди историскиот мебел и опрема на Македонски железници и во својата Музејска поставка во Скопје.
Фото: МИА
ФОТО ГАЛЕРИЈА: Горе во насловната коцка