Средношколскиот квиз „Кој знае знае, кој не, ќе научи“ реализиран меѓу учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија завчера го имаше своето финале и ги доби победниците. Тоа се Лилјана Накова и Ѓорги Новаковски од I-2 клас.
Второто место го освоија Илија Иванов и Љупчо Панов од I-1 клас кои имаа два одговора помалку од победничкиот тим. Инаку Илија и Љупчо покажаа повеќе знаење од Ангела Илкова и Мирче Дупаров од III-1 клас со кои се соочија во полуфиналето.
Третоплсирани во Квизот на знаење се учениците Мирче Дупаров (III-1), Ангела Илкова ( III-1), Мартин Тунев (I-1)и Јована Мачукова (I-1).
На Квиз натпреварот во знаење учествуваа вкупно 144 ученици кои поминаа 6 квиз-рунди.
Квизот со име „Кој знае, знае, кој не, ќе научи“ беше активност која се оствари без да биде предвидена ниту со годишната програма на училиштето, ниту со програмите на некој актив. Активноста беше испланирана и реализирана исклучиво од добри намери и ентузијазам на група професори.
Целта беше да се иницира активност која ќе биде забавна, но истовремено и поучна, што во целост беше прифатена и со успех изведена од учесниците на квизот.
Честитки за наградените. Браво за сите ученици и нивните професори, ментори и реализзатори на Квизот.
Наградите за првите три места се обезбедени по пат на донација од Авто школа „Прима“, како и од ТА „Дори“ од Гевгелија. Истите ги додели директорката на СОУ. Следуваат Фото од учениците добитници на Пофалници за истакнато учество и покажано знаење на Квизот. Намерите на СОУ „Ј.Јосифовски“ се квизот да прерасне во традиционален начин на одбележување на Патрониот празник на училиштето., со оглед на тоа што истиот во своето прво издаие се одржа на денот на одбележувањето на Патронатот на училиштето и јубилејот, 70 години гимнзиско образование во Гевгелија.