Денеска, недела 30 април, околу 13 часот во близина на граничниот премин „Богородица“ полициски службеници од РЦГР „Југ“ го лишиле од слобода Г.Б. (24) од Гевгелија, кој на мотор превезувал лице-нелегален мигрант од Пакистан.
Г.Б. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот до наделжното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење мигранти“.