Настанот кој ја потресе Србија, но и домашната Фејсбук заедница, крвавиот масакар на 14 годишен белградски ученик врз ученици, свои сокласници, чуварот, учителката денеска ги преполни со реакции социјалните мрежи. Гнев, осуда на искривените вредности во системот, форсирањето на децата да ги остваруваат желбите на родителите за престиж и успех, систем кој не ги казнува насилниците, извршителите на булинг…. Сето тоа ги формира новите насилници, за жал дури и од детските возрасти.
Еве што напишаа како реакција граѓаните во Македонија:
– „Дете убило деца. Бог да ги прости. Гнев, лутина, згазен авторит на даскалите кај дете од 14 години. Време е вредностите да се вратат на сцена !
Дисциплина, воспитание, семејство , образование со авторитет , родителство , човечност … Време е за спас на човештвото ! – напиша Ивет Горгиева.
– „Болното општество го зема својот данок во крв. Човештвото затаи заради извитоперените вредности кои безочно се промовираат. Да се вратиме на вистинските вредности при воспитувањето и образованието на младите!“ – напиша д-р спец. психијатар Мице Дудучки.
– „Проблемот сепак на крајот ќе излезат родителите, нели углееедниот радиолог – татко. Проблемот е секогаш дома.
1. Достапно оружје, фул опрема, посед на таткото
2. Детето полудува поради добиена единица, а било скроз одлично и пример за другите соученици“ – пишува Јоци.
– „… Бидејќи одамна требаше булингот да се казнува сериозно , децата да се научат што значи тоа. И какви се последиците.
За жал за овие деца е предоцна. И за детето кое пукаше и за застреланите. Тажно.. “ – напиша на Фејсбук Софија Д.
– „НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ОСУДА- ВРЕМЕ Е ЗА БУДЕЊЕ!!!
Сакајте си ги своите деца слушнете го нивниот крик и научете да препознаете кога имаат проблем, говорете за проблемите и не ги осудувајте помогнете им и безусловно сакајте ги своите деца!“ – напиша Весна Миркова.
– „Сочувство за семејствата“ – напиша Кардула.