Сè уште се бориме, но со ваша поддршка се приближуваме кон тоа нормалното утре да стане реалност за пациентите со ПХ.
ПХ е невидлива болест, а оние кои боледуваат од неа често се неправедно обвинети дека се мрзеливи или неактивни. Ова може да доведе до чувство на изолација и напуштање, што може да ги влоши и онака тешките симптоми на PH.
Гевгелија пред три години ја изгуби Ѓургица Ќаева (40) неуморен борец, активистка за права на пациентите со оваа болест, претседател на здружението „Момент плус“, член на Европската Асоцијација за пулмонална хипертензија. Во нејзин спомен, а со посвета на Меѓународниот ден на болните од пулмонална хипертензија Здружението „Момент плус“ од Гевгелија за утре организира спортски настан и забавен концерт.
Ќе биде оддржана културно уметничка програма, а во исто време ќе се оддржи и почесно трчање од 5км во чест на Ѓургица и сите останати пациенти кои ја загубија борбата со ПХ. Стартот на трката е во 11:00 часот.
Настанот е поддржан од PHA Europe, M-PRO Sound Production, АК 7ми Ноември, Општина Гевгелија, МВР Гевгелија, Општа Болница Гевгелија и ЈП Комуналец Гевгелија.
Можете да направите разлика со тоа што ќе им понудите на поединците со PH – без разлика дали се пријатели, членови на семејството или познаници – подадена рака, разбирање и позитивен став. Ајде да работиме заедно за да ги поддржиме погодените од ПХ и да им покажеме дека не се сами“ – порачуваат од Здружението на пациенти со пулмонална хипертензија „Момент плус“ од Гевгелија.