Денеска го одбележуваме 5 Мај – Денот на Македонската азбука и Македонскиот јазик.
На овој ден во 1945 година Народната влада на Федерална Македонија ја усвои македонската азбука како официјално писмо, откако претходно на 2 август 1944 година, со решението на првото заседание на АСНОМ, македонскиот јазик беше утврден како службен јазик во македонската држава.
Денот 5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 130. седница на владата, одржана на 16 април 2019 година.
Со одбележувањето на овој ден, 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, му оддадеме почит на минатото и да покажеме дека го знаеме и го цениме, но исто така, и за да се обврземе кон иднината – дека тоа што ни е дадено со традицијата и со кодификацијата не треба само да го чуваме, туку треба и да го негуваме, да го афирмираме и да го развиваме – за да може македонскиот јазик и понатаму да го следи научниот и технолошкиот напредок, а истовремено да остане убав и наш – на него да пееме, да твориме и да живееме.
„Јазикот е нашата најкомплетна татковина“ – е познатата мудрост изречена од македонскиот великан Блаже Конески.
Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик!