Со кралска позлатена кочија до Вестминстерската Опатија пристигнаа Чарлс Трети и неговата сопруга кралицата Камила во последната милја од седумдецениското патување од наследник до монарх.
„ Не дојдов за да ми служат, туку за јас да служам“ беше првата порака што Чарлс ја испрати за време на чинот на крунисувањето.
Крунисувањето на кралот од прва рака го следеа 2300 официјално поканети гости од целиот свет.
Околу 100 шефови на држави се во Вестминстерската Опатија, а од земјава присуствува и претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска. Претседателот Пендаровски порача:
– „Македонско-британските релации се темелат на заеднички и универзални вредности. Годинава одбележуваме јубилеј од три децении од воспоставувањето на дипломатските односи, кои уверен сум ќе продолжат да се продлабочуваат“.
Чарлс Трети стана крал на Обединетото Кралство во септември кога кралицата Елизабета почина по 70 години поминати на тронот.
Најважен момент на церемонијата е ставањето на круната од Стеви Едвард на главата на кралот Чарс Трети што е одбележано со ѕвонење на ѕвоната од опатијата и поздравно пукање со пиштол.
И неговата сопруга Камила е крунисана, по што официјално, по долга и често контроверзна врска со престолонаследникот, официјално стана кралица.
Сведоци на крунисувањето се светски лидери како францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, осум актуелни и поранешни британски премиери, како и Џуди Денч, Ема Томпсон и Лајонел Ричи.
Илјадници луѓе од цела Британија и ширум светот кампуваа преку ноќ по патека долга 1,6 километри. Толпата се зголеми во текот на утрото, на повремен дожд, долж трасата.
Колоната во која кралот и кралицата по крунисувањето се вратија во Бакингемската плата по крунисувањето беше долга 1,6 километри и во неа имаше 19 воени бенда. Новиот крал и кралица низ неа поминаа со позлатена кочија стара 261 година придружена од 4.000 војници, формирајќи ја најголемата воена парада во Британија во изминативе 70 години.
Меѓу публиката имаше и луѓе со транспаренти „Ова е наша земја“, „Не е мој крал“.
Кралското семејство мора постојано да ги оправдува своите релативно високи трошоци, а критичарите постојано прават споредби со другите монархии, но и со републики каде шефот на државата се избира на избори, а не се одредува според раѓање.