Со спортски настан и културна програма денеска во Гевгелија е одбележан Светскиот ден за поддршка на болните од Пулмонална хипертензија, тешко белодробно заболување кое болните ги остава без здив.
Гевгеличани, спортисти, членови на АК „7-ми Ноември“ по повод овој настан трчаа должинска релација од 5 километри во знак на поддршка на овие болни, од кривината кај хотел „Принцес“ кај ГП „Богородица“ Гевгелија се’ до центарот на Гевгелија.
По спортскиот настан следуваше културна програма на која настапија локални музичари, Ансамбл „Бојмија“ и танцовото студио „Мистик денс“ од Гевгелија.
Со ора и игри на т.н. плоштад „Фонтана“ во Гевгелијаго издвјуваме сценскиот настап на членовите на „Бојмија“.
Кореографијата ја носат со себе од сценските проби, а костимографијата беше во знакот на болните од Пулмонална хипертензија, човечки бели дробови обоени во сино, полни со свеж здив, таков каков што им недостасува на овие пациенти.
ПХ е тешко белодробно заболување. Од оваа опака болест почина и гевгеличанката Ѓургица Ќаева, основач на Здружението „Момент плус“, нејзин претседател, која со својата посветена борба за болните од ПХ го заслужи и денешниот почесниот концерт посветен за сите сегашни пациенти со ПХ и за НЕА.
Ѓурѓица почина во 2020 година, осум години беше храбриот и силен глас за пациентите.
Бојмија со сигурен танцов чекор на своите членови ја „Распукаа Шар планина“ за гласност и видливост на потребите на болните со ПХ, „За здив“ !
Младиот танцов состав, танцовото студио „MYSTIC DANCE“ од Гевгелија ја придоби помладата публика која ги прифати со аплауз актуелните хитови на кои играа членовите на „мистик“
Со танцот малите гевгеличанки даваат своја поддршка пред бројната гевгелиска публика на отворената сцена во центарот на градот.
“За здив за пациентите со ПХ”!
Настанот е поддржан од „PHA Europe“, „M-PRO Sound Production“, АК „7ми Ноември“, Општина Гевгелија, МВР Гевгелија, Општа Болница Гевгелија и ЈП „Комуналец“ Гевгелија.