среда, 30, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Одбележување на денот на астрагалусот во Богданци

Децата и учениците од Богданци, имаа пригодни активности, со цртање, квиз и изложбени поставки на своите дела, се во духот на знаењето за Богданци, Астрагалусот и природата

мај 7, 2023
in ФОКУС
Одбележување на денот на астрагалусот во Богданци
0
SHARES
646
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Астрагалус е  билка која расте во поднебјето а општина Богданци, поради што на ден Ѓурѓовден, празникот на природата и животот, учениците со пригодни активности го одбележаа значењето на оваа билка.

Како ретка билка таа го карактеризира подрачјето на општина Богданци и дел од Дојран како „Значајни растителни подрачја“ (ЗРП). Тие по дефиниција претставуваат најзначајни места во светот за диверзитетот на диворастечките растенија. Заради одржувањето на светскиот биодиверзитет ова растение од југот преку националните системи за заштита на природата, е под посебен режим на евиденција, мониторинг и ефикасна заштита.
ЗРП „Богданци“ вклучува 8 вида заштитени растенија од кои Астрагалус е на прво место по важност со категоризација „А(i)“ .

Related posts

Сеќавање – Шест години од огнената несреќа на ул.„Ристо Чавдаров“ бр.25 Гевгелија

Сеќавање – Шест години од огнената несреќа на ул.„Ристо Чавдаров“ бр.25 Гевгелија

јули 30, 2025
ОЈО Гевгелија: Кривична пријава за фалсификатор

ОЈО Гевгелија: Кривична пријава за фалсификатор

јули 30, 2025

Пред некоја година овде во Богданци беше насликан 12 метарски мурал за одбележување на важноста на оваа растение кое е се’ поретко, за подигнување на свеста истото да се чува и опстои, како специфичен дел од флората на Богданци.

Децата и учениците од Богданци, вчера имаа пригодни активности, со цртање, квиз и изложбени поставки на своите дела, се во духот на знаењето за Богданци, Астрагалусот и природата.

Првите активности започнаа со искачување по патеката на Астрагалусот, кој е со должина од вкупно 4 км во два правци.
Потоа беше организирана ликовна работилница на која учествуваа дечиња од детската градинка „Коста Поп Ристов Делчев“ од Богданци. За учениците од основните и средното училиште од општина Богданци беа организирани Квизови на знаење за диви растенија.


Денот посветен на природна реткост и убавина на Богданци – Astragalus physocalyx (меурест козинец) се финализираше со концерт на кој настапи Дани Димитровска со својот бенд.

Настанот се реализира во рамките на проектот „Градење на локалните капацитети за управување со Значајното растително подрачје Богданци“ кој го спроведува Здружението за развој, едукација и еколошка етика – „ПОЛИМАТ 13“, финансиски поддржан од Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF).
Кон спроведување на настанот се придружи и Општина Богданци која го поддржа „ПОЛИМАТ 13“ во прославата на Денот на Астрагалусот.

Astragalus physocalyx (меурест козинец) – билка во цвет на поднебјето на Богданци

– „Astragalus physocalyx или Меурест козинец според критериум А има статус Ex/En (истребен/загрозен) односно глобално засегнат вид. Се наоѓа на листата на Строго заштитени диви видови во Македонија, на Глобалната црвена листа на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN Red list of Threatened Species), како и на првата Црвена листа на загрозени видови во С. Македонија“ – појасни Надица. Маџирова од Здружението „ПОЛИМАТ 13“ од Богданци кои се организатори на овој настан и носители на проектот „Градење на локалните капацитети за управување со Значајното растително подрачје Богданци“.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Спортски и културен настан „За здив“ и поддршка на болните од ПХ

Next Post

Прв Велотлон одржан во Гевгелија

Next Post
Прв Велотлон одржан во Гевгелија

Прв Велотлон одржан во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Доделена ПЛАКЕТА за Најуспешен спортист од Гевгелија за 2024 на Влатко Семенаков

Доделена ПЛАКЕТА за Најуспешен спортист од Гевгелија за 2024 на Влатко Семенаков

5 месеци ago
Лишен од слобода 34 годишен гевгеличанец

Лишен од слобода 34 годишен гевгеличанец

1 година ago
Започнува турнирот во мал фудбал „КМФ Миравци“ во Миравци

Започнува турнирот во мал фудбал „КМФ Миравци“ во Миравци

2 години ago
Дојран со ново комунално возило за метење и миење на улици

Дојран со ново комунално возило за метење и миење на улици

6 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Сеќавање – Шест години од огнената несреќа на ул.„Ристо Чавдаров“ бр.25 Гевгелија
  • ОЈО Гевгелија: Кривична пријава за фалсификатор
  • ВИДЕО: Земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Сеќавање – Шест години од огнената несреќа на ул.„Ристо Чавдаров“ бр.25 Гевгелија

Сеќавање – Шест години од огнената несреќа на ул.„Ристо Чавдаров“ бр.25 Гевгелија

јули 30, 2025
ОЈО Гевгелија: Кривична пријава за фалсификатор

ОЈО Гевгелија: Кривична пријава за фалсификатор

јули 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist