Ученикот Никола Најдоски од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија од III година машинска струка на Државниот натпревар за ученици од електротехничките, машинските и сообраќајните средни стручни училишта го освои високото ВТОРО место.
Тој со освоените 68 бодови покажа солидно знаење и одлични резултати во конкуренција со другите ученици од овие стручни насоки. Никола е III-7 клас, сектор – Машинство, квалификација – Машински техничар за моторни возила. Неговиот наставник ментор е проф. Александар Делиџаков.
Овогодинешниот државен натпревар го одржа на 04.05.2023 (теоретски дел) и 05.05.2023 година (практичен дел) во Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охридски“ – Охрид.
Од СОУ „Ј.Јосифивски“ искажуваат нескриено задоволство за постигнатиот резултат на нивниот ученик покажувајќи дека во СОУ учениците се стекнуваат со стручни квалификации со кои можат да професионално да се вградат на пазарот на трудот веднаш по завршување на образованието, односно знаења кои ќе им бидат доволна основа за натамошно продолжување на образованието.
Честитки!