Две генерации на подмладокот на фудбалери 2011/2012 и 20132014 на гевгелиски ФК „Кожуф“ остварија победи во својата возрасна конкуренција на меѓународен турнир во Поликастро, Грција
Младите јуниори на ФК „Кожуф во неделата беа учесници на меѓународен фудбалски турнир кој се одржа во Поликастро, Република Грција. На истиот учество земаа преку 15 екипи.
Грчкиот гигант „Паок“, „Вериа“, „Аполон“, „Понту“ најстариот клуб од Солун, „Поликастро“ беа дел од учесниците на турнирот.
Мора да напоменеме дека генерацијата 2011/12 го освои турнирот и тоа без ниту еден примен гол. Исто така и генерацијата 2013/2014 беа победници на турнирот.
Од управата на клубот со задоволство истакнуваат:
– „Секоја чест за нашите млади надежи кои не направија посебно горди, и укажаа дека за иднината на Фк „Кожуф“ не треба да се стравува. Тие се нашата гордост кои несомнено ќе ги преставуваат нашиот клуб и град во најдобро можно светло и во иднина“.
Посебна заслуга во овие меѓународни остварувања на гевгелискиот подмладок на ФК „Кожуф“ имаат тренерите Трајче Ников и Никола Караколев за нивното залагање.
Со ваков старт ќе добиеме ли фудблска генерација која ќе го врати „Кожуф“ во Прва лига!? Во младите е иднината која фудбалска Гевгелија ја очекува.