сабота, 10, јуни 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Осум години од нападот во Диво насеље

„Никогаш да не се заборави и да не се повтори“, порачаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и градоначалникот на Куманово, потсетувајќи се на вооружениот конфликт од 2015 година

мај 9, 2023
in MАКЕДОНИЈА
Осум години од нападот во Диво насеље
0
SHARES
48
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денеска се навршуваат осум години од вооружениот напад во Диво насеље. „Никогаш да не се заборави и да не се повтори“ – порачаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски потсетувајќи на вооружената престрелка во мај 2015 година, која траеше повеќе од 20 часа. Животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и 10 членови на вооружената група.

– „Во мое Куманово, и во целата земја, сите бевме во неизвесност од вооружениот напад во кој животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. Нека им е вечна слава! “, вели министерот Оливер Спасовски во објава на Фејсбук.

Related posts

Трагична сообраќајка – Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино во прекин

Трагична сообраќајка – Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино во прекин

јуни 9, 2023
(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

јуни 8, 2023

Трагичен настан кој не се заборава

Судските архиви сведочат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, така што овој крајно вознемирувачки и трагичен настан засекогаш ќе остане во колективната меморија на кумановци како голема траума, вели Спасовски. Граѓаните од целата држава, додава тој, ќе паметат дека нарачателите не ја остварија својата цел да ја одржат неизвесноста во која режимот ги држеше во заложништво државата и граѓаните.

„Хероите живеат вечно! Никогаш да не се повтори!“, порача министерот.

Градоначалникот на Куманово, каде се одвиваше вооружениот напад во населбата „Диво насеље“ на социјалните мрежи напиша:

Во дводневната престрелка наречена „малата војна“, животот го изгубија осум полицајци-припадници на специјалната единица „Тигар“, а беа убиени и 14 припадници на косовската група, и ранети најмалку 40 лица. Инцидентот се случи по четири месеци откако тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев започна со објавување на т.н. „бомби“. Тогашната опозиција обвинуваше дека нападот е обид да се дефокусира вниманието на јавноста од „бомбите“ кои ја демаскираа власта и од масовните протести во Скопје, додека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги обвини напаѓачите од Косово дека сакаат да ја дестабилизираат земјата.

Во нападите во „Диво насеље“ беа користени и рекатни фрлачи од страна на напаѓачите

Два дена по крвавиот судир, оставки од функциите поднесоа тројца високи функционери кои важеа за најблиски до поранешниот премиер Никола Груевски: тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, директорот на УБК, Сашо Мијалков, и министерот за транспорт, Миле Јанакиески. Две години по крвавиот инцидент, 33 лица учесници во нападот кои обвинети за тероризам, добија затворски казни: седуммина беа осудени на доживотна затворска казна, 13 лица на 40 години затвор, шестмина на 20 години, еден на 18, двајца на 14, двајца на 13 и двајца на 12 години затвор. Пресудата предизвика протести во Македонија и во Косово, а косовската влада на 29 семејства на загинатите и осудените за настаните во Диво Насеље им исплати по 10.000 евра.

Погребна поворка низ улиците на Куманово за жртвите од вооружената престрелка во „Диво насеље“ 8 мај 2015
ShareTweetShareSend
Previous Post

Масовниот 13 годишен убиец од Белград не се кае, очекува нешто невозможно!

Next Post

Гевгелиските средношколци освоија 2 ПРВИ и 1 ВТОРО место на МАССУМ 2023

Next Post
Гевгелиските средношколци освоија 2 ПРВИ и 1 ВТОРО место на МАССУМ 2023

Гевгелиските средношколци освоија 2 ПРВИ и 1 ВТОРО место на МАССУМ 2023

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ПС за Грааничен надзор Стар Дојран спречила криумчарење мигранти

ПС за Грааничен надзор Стар Дојран спречила криумчарење мигранти

3 месеци ago
Тепачка во Парламентот на Србија

Тепачка во Парламентот на Србија

4 месеци ago
Димковски: Нови мерки за помош на одгледувачите на зимска зелка

Димковски: Нови мерки за помош на одгледувачите на зимска зелка

2 месеци ago
Приведен 42 годишен дилер од гевгелиско, пронајдена дрога

Приведен 42 годишен дилер од гевгелиско, пронајдена дрога

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023
  • ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!
  • Гевгелиски ученици од угостителска струка освоија 10 медали

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

јуни 10, 2023
ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

јуни 10, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist