Денеска на повик на општина Дојран и градоначалникот Анго Ангов за учество на граѓаните во еколошката акција „Генералка викенд“ се одзваа многу граѓани, ученици, жители на општина Дојран, па и повозрасните, членови на Здружението на пензионери од Дојран.
Се чистеше пешачката патека, паркот, шеталиштата, крајбрежјето на езерото во Стар Дојран, а во Нов Дојран, исто локацијата кај детскиот забавен парк и патеката од Нов до Стар Дојран.
Волонтерите на еко акцијата задоволни од реализацијата на „генералката“ која денеска се спроведува во 52 општини во државата со вклучени околу 18.000 волонтери.
Градоначалникот Ангов изрази задоволство од сработеното со следново:
– „Дојран се сака со дела! Генералка викенд!“