Кошаркарите на Телеком Баскет Бон се пласираа во финалето на ФИБА Лигата на шампионите, откако го совладаа домаќинот на завршниот турнир Уникаха (69-67). Круцијална улога во победата имаше новиот македонски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс кој блесна со 21 поен.
Покрај тоа, Шортс немаше добар настап само во полуфиналето, туку низ целата сезона, па поради тоа доби големо признание. Плејмејкерот на Македонија е избран за најкорисен играч во Лигата на шампионите на ФИБА. Со просек од одлични 18,9 поени. Ти-Џеј Шортс е МВП на сезоната.
Македонскиот репрезентативец досега просечно постигнуваше по 18,9 поени, 7,1 асистенции и 3,8 скока сезонава, а во вчерашното полуфинале против Уникаха беше најефикасен со 21 поен.
Ова големо признание за плејмејкерот доаѓа непосредно пред утрешното финале против Хапоел Ерусалим во кое Бон е фаворит. Шортс одличната сезона со германскиот тим може да ја круниса со трофејот во Лигата на шампионите, што за него ќе биде голем мотив.
– „Ова патување низ сезоната е одлично. Вистински „ролеркостер“ на емоции. Благодарен сум на мојот тим и сите кои ме поддржуваа. Им оддавам чест на соиграчите и тренерите, сите имаме јасно дефинирани улоги“, кажа македонскиот репрезентативец.
💗🏁 𝙁𝙧𝙤𝙢 𝙄𝙧𝙫𝙞𝙣𝙚 𝙩𝙤 𝘽𝙤𝙣𝙣 𝙩𝙤 𝙈𝙖𝙡𝙖𝙜𝙖 𝙖𝙣𝙙 𝙗𝙚𝙮𝙤𝙣𝙙: The Marathon continues for this year’s #BasketballCL 𝐌𝐕𝐏, @TjShorts5! pic.twitter.com/H4NnCEWslw
— Basketball Champions League (@BasketballCL) May 13, 2023
Инаку Шортс се очекува да биде еден од носителите на играта на Македонија во следните предизвици и претквалификациите за Олимписките игри. На досегашните натпревари во црвено-жолтиот дрес покажа со каков квалитет располага, па останува да се надеваме дека и во иднина ќе има време и желба да игра за репрезентацијата.