Танцовото студио „МYSTIC DANCE“ од Гевгелија минатиот викенд настапи на Меѓународниот танцов фестивал „SALONIKA OPEN“ 2023 кое се одржа во Солун.
Наттпреварувачи од повеќе земји од светот се натпреваруваа во 12 танцови дисциплини, меѓу кои „Хип хоп“, „Брек денс“, ориентални танци, и други. ХИП ХОП е категорија во кои настапија членовите на гевгелиската танчарска група „Мустик денс“, во своите возрасни групи, деца, јуниори, соло и мега групи.
И овој пат нашите млади танцови ѕвезди не потфрлија, туку ја продолжија низата на собирање трофеи. Така, од Солун се вратија со 4 освоени медали: едно прво место, едно второ и две трети места.
Честитките и медалите одат кај:
1. ХИП ХОП – Мега група – освои ПРВО место – (доби 128 гласови од меѓународното жири составено од претставници од Грција, Италија и Бугарија, за 12 гласови повеќе од второпласираната група „Funki Steez“ од „Ymca Dance School“ од Солун);
2. Елена Симјановска – освои ВТОРО место за „Соло хип-хоп“ јуниори (10-11 години);
3. ХИП -ХОП Јуниори – (12-13 год,) – ТРЕТО место (освоени 102 бодови)
4. Слободанка Николова – ТРЕТО место „Соло Хип-хоп“ младинци (16-18)
Забележително учество на фестивалот имаа:
5. Меглена Котева – освои 4 место – „Соло хип-хоп“ деца од 10-11 години, и
6. Марија Аблакова – 5-то место, категорија „Соло хип-хоп“ деца (10-11 години);
7. Петја Спасовска – 5-то место – „Соло Хип хоп“ за млади (16-18 г.)
8. Јагода и Михаела имаа ПРВО соло учество во категоријата јуниори.

Овие успеси и престижни бодови доделени од меѓународни танцови стручњаци само ја потврдуваат трофејната сезона на „Мистик денс“ годинава. Им посакуваме и понатаму успешни настапи, многу забава и трофеи во нивната почесна витрина на гордост и достигнувања.
Честитки и за нивниот тренер и кореограф Александар Аврамов.