Бесплатни мерења на притисок и шеќер во крвта реализираа доброволни здравствени соработници со волонтери од Црвен крст Гевгелија за граѓаните на Гевгелија, во просториите на „Аџико“.
Оваа акција беше реализирана во петокот и претставува заедничка соработка со гевгелиската Оптинска организација на Црвениот крст и компанијата “Аџико home center” која ги отвори просториите за овој доброволен тим и за граѓаните и нивната потреба од контрола на крвниот притисок и шеќерот во крвта.
Овие параметри во човековиот организам се познати како тивки убијци и затоа е потребна честа и секојдневна контрола. Па, за оние кои ја пропуштиле посетата на лекар, тимот на ЦК и условите обезбедени од „Аџико“ овозможија здравстева услуга за повеќе десетици граѓани кои во петокот ги посетија просториите на „Аџико“ и здравствениот тим спремен за пружање бесплатни здравствени услуги.
Освен оваа прва почетна акција на соработка со ЦК Гевгелија за доброто на граѓаните, компанијата “Аџико home center” обезбеди и донација, а тоа е училишен прибор наменет за деца од социјално загрозени семејства. Со тоа оваа компанија која е со основачко седиште во Штип покажува општествена одговорност и кон жителите и потрошувачите каде ја обавува својата дејност, а тоа е и нашиот град Гевгелија.
Во акцијата беа вклучени медицински лица – мед.сестра Весна Динева, поддржувачи од локални граѓански организации – Здружение на граѓани со дијабетес за Гевгелија, Богданци и Дојран, и волонтери од Клубот на млади.