петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Планински Меморијал за д-р Петков по 5-ти пат

Искачен врвот Мала рупа (2.004 мнв) на Кожуф планина каде е поставено спомен обележје за д-р Ѓорги Петков - патникот од Гевгелија кој стапна највисоко од сите

мај 21, 2023
in СПОРТ
Планински Меморијал за д-р Петков по 5-ти пат
0
SHARES
246
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

По повод годишнината од смртта на гевгелискиот патник кон „капата на светот“ – врвот „Монт Еверест“ , денеска планинарите од ЗПСК „Кожуф“ заедно со бројни вљубеници на природата го реализираа петтиот по ред Меморијал за д-р Ѓорги Петков.

На Меморијалот учество зедоа двете гевгелиски планинарски друштва: ЗПСК „Кожуф“ и ПСК „Двете уши“, потоа „Ентузијаст“ од Струмица и други спортски планинарски клубови од државата.

Related posts

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Методија Ичев од Богданци истрча  маратонот на Олимп од 44 km

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

јуни 30, 2025

Планинарите во чест на својот колега по висините д-р Петков го искачија врвот „Мала рупа“ (2.004 мнв) што се наоѓа на Кожуф планина. Овде е поставено и пригодно спомен обележје уште на првиот Меморијал, реализиран од членовите и клубски другари на Петков, од ЗПСК „Кожуф“. Првиот Меморијал се одржа на 15 декември 2018 година, а следните години на датата на неговото „заминување“ кон висините. Овој Меморијал е традиционален и истиот е од републички ранг, нотиран во годишната програма на ЗПСК „Кожуф“ и дел од програмата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија..

Членови на ЗПСК „Кожуф“, матичниот клуб на д-р Петков со цвеќиња и знаме на спомен обележјето на Ѓорги Петков поставен на врв Мала рупа на Кожуф планина

Д-р Петков беше 34 години член на планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија и неговата последна акција беше упатена кон освојување на највисокиот врв на светот, Монт Еверест каде што и почина како резултат на „кардиа арест“. Срцето престана да му работи на 20 мај 2018 година на 1.000 метри до ледениот врв на Хималаите. Поминаа пет години од тој немил настан ког го спречи овој посветен гевгелиски алпинист да ја оствари својата најпосакувана спортска цел, а неговите колеги по висините, ЗПСК „Кожуф“ по 5-ти пат во негова чест и спомен го организира планинарскиот Меморијал на врв од гевгелиската убавица – Кожуф планина.

Планинари на пат кон врвот Мала рупа (2004 мнв

Вкупната должина на маршутата на Меморијалот е 19 километри со висинска разлика од 985 метри. Патеката спаѓа во категорија НАПОРНИ патеки.  На дел од трасата на Меморијалот планинарите ги дочека и снежен терен на Кожуф


На врвот Мала рупа беше положено и цвеќе во чест и слава на гевгелискиот планинар, алпинист кој стапна највисоко од сите.

Вечна слава и незаборав !

Доктор спец. инфектолог, алпинист и голем вљубеник на планините д-р Ѓорги Петков
ShareTweetShareSend
Previous Post

Богата програма на црквата „Св. Кирил и Методиј“ по повод чествувањата на сесловенските просветители

Next Post

Почина Ферус Мустафов

Next Post
Почина Ферус Мустафов

Почина Ферус Мустафов

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгеличанецот Мартин Костадинов со настап на „Ѕвездите на Гранд“

Гевгеличанецот Мартин Костадинов со настап на „Ѕвездите на Гранд“

2 години ago
Тројна сообраќајка кај Валандово, повредени две лица

Тројна сообраќајка кај Валандово, повредени две лица

7 месеци ago
Со „Срцето на хуманоста“ донирани два апарати за ЈЗУ Општа болница Гевгелија

Со „Срцето на хуманоста“ донирани два апарати за ЈЗУ Општа болница Гевгелија

1 месец ago
Нови хуманитарни акции за Луна

Нови хуманитарни акции за Луна

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist