По повод годишнината од смртта на гевгелискиот патник кон „капата на светот“ – врвот „Монт Еверест“ , денеска планинарите од ЗПСК „Кожуф“ заедно со бројни вљубеници на природата го реализираа петтиот по ред Меморијал за д-р Ѓорги Петков.
На Меморијалот учество зедоа двете гевгелиски планинарски друштва: ЗПСК „Кожуф“ и ПСК „Двете уши“, потоа „Ентузијаст“ од Струмица и други спортски планинарски клубови од државата.
Планинарите во чест на својот колега по висините д-р Петков го искачија врвот „Мала рупа“ (2.004 мнв) што се наоѓа на Кожуф планина. Овде е поставено и пригодно спомен обележје уште на првиот Меморијал, реализиран од членовите и клубски другари на Петков, од ЗПСК „Кожуф“. Првиот Меморијал се одржа на 15 декември 2018 година, а следните години на датата на неговото „заминување“ кон висините. Овој Меморијал е традиционален и истиот е од републички ранг, нотиран во годишната програма на ЗПСК „Кожуф“ и дел од програмата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија..
Д-р Петков беше 34 години член на планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија и неговата последна акција беше упатена кон освојување на највисокиот врв на светот, Монт Еверест каде што и почина како резултат на „кардиа арест“. Срцето престана да му работи на 20 мај 2018 година на 1.000 метри до ледениот врв на Хималаите. Поминаа пет години од тој немил настан ког го спречи овој посветен гевгелиски алпинист да ја оствари својата најпосакувана спортска цел, а неговите колеги по висините, ЗПСК „Кожуф“ по 5-ти пат во негова чест и спомен го организира планинарскиот Меморијал на врв од гевгелиската убавица – Кожуф планина.
Вкупната должина на маршутата на Меморијалот е 19 километри со висинска разлика од 985 метри. Патеката спаѓа во категорија НАПОРНИ патеки. На дел од трасата на Меморијалот планинарите ги дочека и снежен терен на Кожуф
На врвот Мала рупа беше положено и цвеќе во чест и слава на гевгелискиот планинар, алпинист кој стапна највисоко од сите.
Вечна слава и незаборав !