ЗП Богданци, викендов беше домаќин на регионалните пензионерски средби наречени „Ревијата на песни, музика и игри“ каде учествуваа бројни здруженија од централна и јужна Македонија. Успешната организација и настап на средбата уште еднаш го потврдија гостопримството на граѓаните од југот. Песната привлече бројна публика и млади и постари, кои уживаа во ритамот на тамбурите, виолините, хармониките и песната од грлата на пензионерите.
Сите заедно : домаќини, гости и учесници во настанот, а се разбира и присутните во салата напрсвија денот да биде незаборавен.
Ова е настапот на домаќините, ЗП од Богданци со пејачка група и оркестар.
Во салата на Домот на култура „Бранд Петрушев“ во Богданци имаше полно публика од гостите учесници, но и од градот домаќин, Богданци и околината. и сите заедно уживаа во песнопојноста на пензионерите и изборот на староградски народни песни, песни од нивната младост.
За успешната организација на ревијата на песни, музика и игра во Богданци многу впечатлива изјава даде пензионер од Велес, воедно и претседател на тамошното здружение на пензионери, Веле Алексовски, поранешен професор по француски јазик и доктор на историски науки, кој истакна:
Оваа убава изјава полна пофалби за работењето и ангажманот на градот домаќин може да биде потстрек колку малку може да се вложи во културата за да оставиме впечаток, полни срца гостопримство и убави спомени.
Браво Богданчани!