Хорски настапи, изведби на КУД-ва, свечена литија се дел од програмските обележја по повод големиот празник посветен на Светите браќа Кирил и Методиј – патрони на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија. Покрај црковни обреди гевгелиското свештенство предвидува организирање и на световни културно-уметнички програми во рамките на одбележувањата на големото дело на овие македонски дејци, црковни лица и просветители.
Празнувањата започнуваат во вторник 23 мај во 17 часот со Акатист со петолебие, а ќе продолжи со настап на градскиот хор „Гортинија“ во 18:00 часот, а потоа ќе имаат свој настап и членовите на пејачката група „Распеани гевгеличани“.
На денот на големиот Христијански празник Кирил и Методиј, среда 24 мај, истоимената црква во Гевгелија празнувањата ќе ги започне утрото во 7:00 часот со празнична утрена богослужба, потоа следува Света златоустова литургија во 8:30 часот,, во 10:30 ч. Благословување на празничните кумски колачи и Водосвет.
Во 11:00 часот ќе се одвива Торжествено празнична литија која ќе тргне од дворот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ со иконата на Мајката Божја и ќе прошета низ Гевгелија, низ Градското шеталиште, па ќе помине покрај зградата на Општина Гевгелија и повторно ќе се врати во Црквата.
Потоа во дворот на црквата ќе настапат: Хор „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, па ќе следуваат настапи на ансамблите „Бојмија“ и „Македонија“,
Празничната програма завршува нешто после пладне во 12:30 часот со послужување на ручек.
За многу години!
- „Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски господин Агатангел, Ве повикуваме на голема духовна радост прославувајќи ги Светите браќа Кирил и Методиј, Македонските и сесловенски просветители и учители“ – порачуваат од Гевгелиското Архиерејско Намесништво.