Денес околу 07.00 часот на регионален пат во близина на Гевгелија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Б.А.(23) од Сингелиќ, скопско, затоа што при преглед во возилото „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал , биле пронајдени 23 лица мигранти, од кои 17 од Пакистан и шест од Сирија.
Од слобода биле лишени и Д.С.(32) и Д.П.(36), двајцата од Богданци, поради постоење основано сомнение дека со возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., биле претходница на возилото „мерцедес“. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.