Во гевгелискиот манастир „Свети Спас“ извршена свечена архиерејска литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Повардарски г-дин Агатангел, во сослужение со Митрополит Кумановско-Осоговски, г-дин Григориј и епископ стобиски, г-дин Јаков.
Заедно со осветувањето на празничниот колач за здравје на сите граѓани на општина Гевгелија, во текот на свечената празнична литургија се изврши церемонија на издигнување во повисок свештенички чин на Намесникот на Гевгелиското Архиерејско Намесништво, протоереј Љупче Миланов. Тој беше издигнат на највисокиот свештенички степен на служба во Црквата, во чинот на протоереј- ставрофор.
Ваквото свештеничко издигнување беше изведено на предлог на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Повардарски господин Агатангел, а со Одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија.
Верници и духовни поклоници ја проследија церемонијата во манастирската црква „Свети Спас“ во Гевгелија.