На денеска одржаното Државно првенство во тенис за деца до 14 години гевгеличанецот Александар Груиќ освои ПРВО место и ЗЛАТЕН медал.
Во финалето тој го победи Ѓорги Николовски од Прилеп од домаќинскиот тим, кој остана со утешното второ место. Третото место му припадна на Селим Илдиз од Скопје.
Првите честитки до Александар ги упати неговиот тренер Иван Костадинов:
„Честитки за неговата волја и карактер, до нови успеси!“ – му посака тој на својот ученик.
Александар има 14 години и е ученик во ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија.
Ова е чинот на доделувањето на наградите – Медалите и Дипломите за учество на Државното првенство во тенис U14, Прилеп 2023.
Aлександар сезонава е во полна снага за собирање трофеи: на 17 мај освои 1-во место двојно (парови), 3-то место сингл на Државното првенство во тенис за јуниори до 14 години одржано во Скопје на терените на „МТП“ Скопје.
Претходно на 22 април освои ТРЕТО место на „Aqua Gala CUP 2023 Tennis Europe U14“ што се одржа во Белград, Србија. Иако е 14 годишен тој понесе победа и над поголеми од себе – така на 11 март годинава ја оствари првата победа до 18 години на ОП Македонија и крај во 1/8 финале, од вториот носител. За него ново искуство и потстрек за понатаму…
Александар е посветен на спортот воопшто и на хуманоста – истрча 5 километри со спортистите и граѓаните од Гевгелија за поддршка на болните од Пулмонална хипертензија, по повод 5 Мај, Денот за поддршка и свесност а ПХ.
Му посакуваме многу успех на ова посветено на спортот и хуманоста младо момче од Гевгелија.