Додека дожливиот мај ги „затвори“ гевгеличани дома за викенд, гевгелиските атлетичари заминаа на „Rotary Run 2023“, урбана трка во Кочани по нови трофеи.
Најуспешен беше Ристо Чалков кој трасата од 5 километри ја истрча за 17 минути и 56 секунди што е второ време до целта, и со тоа стана носител на СРЕБРЕН медал од годинашната, втора по ред трка „Rotary Run 2023“ низ улиците на Кочани.
Се трчаше и „Фамилијарна трка“ каде Николе Костадинов пристигна 5-ти на целта, а Панче Саздов постигна 6-то време. И двајцата се членови на Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија.
Инаку, ќе забележиме дека Ристо Чалков, член на АК „7 Ноември“ се специјализира за рекорди во трките на 5 километри. Овој месец тој учествуваше на првата меѓународна трка „Axios Running Festival“ што се одржа во Грција и таму во меѓународна конкуренција го освои 4-то место на трката на 5 километри., односно 3-то место во категорија од 19-34 години.
На Првомајската трка во Стојаково, во должина од 3 километри на потегот од БП „Шимов“ до с.Стојаково Ристо Чалков истрча прв до целта со време од 11 минути и 27 секунди.
Како што ги скратуваат трасите, така се осмелува да учествува и на подолги релации, па изненадува со освоените први места. Последен пример е освоеното ПРВО место на трката „Run Together Thessaloniki 2023“ каде истрча предизвидувачка кружна патека од 9 километри со време од 34:37 min.
Ова се постигнувања само во изминатите месец дена. Колку уште трофеи може да собере овој забрефтан гевгелиски долгостазец, веројатно ќе следиме во периодот што претстои во текот на неговата тркачка кариеера.
Новите трки ги очекуваат новите рекордери од Гевгелија!