Македонката Матеа Христовска стана носителка на титулата „Miss Best Body“ (титула за најдобро тело) на изборот World Next Top Model 2023 што се одржа викендов во Бејрут, Либан.
Матеа како претставничка на Македонија оваа титула ја понесе во конкуренција со 30 девојки од исто толку светски држави.
Изборот се одржа во теаарската сала на „Casino Du Liban“ во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор на модели го одржува во Бејрут.
Матеа е 18 годишна убавица од Битола. Таа е членка на модното студио „Црнокрак“ кое ја поседува лиценцата за нашата земја за учество на овој голем избор за убавина и модели.
Победничка на годинашниот избор, односно World Next Top Model 2023 е претставничката од Казахстан, Прва придружничка е девојката од Белорусија, а за Втора придружничка е прогласена претставничката од Естонија.