Вечерва во 20 часот започна свечениот концерт наменет за граѓаните од учесниците на годинашниот возобновен, а 21-ви по ред фестивал на детската песна „Калинка“.
Организатор на настанот е здружение на граѓани со истоимен наслов, кое што по повеќе од 10 години пауза повторно ја оживуваат детската фестивалска сцена во Гевгелија.
Свечениот концерт започнува вечерва во 20:00 чсот во Народниот театар во Гевгелија.
На сцената ќе бидат изведени 23 нови авторски песни од деца изведувачи, поддржувани со гласот на 33 хористи и сценски танцови изведби на 31 члениот танцов состав на Калинка.
Меѓународниот карактер на фестивалот го дополнуваат гостите Ирина и Петра Малуцков од Бор, Србија кои исто ќе настапат со своја песничка вечерва пред гевгеличани.
Свечен фестивалски концерт ќе има и следните два дена, сабота и недела, со што неделниот концерт што ќе го снима и МТВ е посветен на поранешниот уметники директор и еден од основачите на Детскиот фестивал „Калинка“ Ѓорги Цуклевски.
Од новиот репертоар на „Калинка 2023“ ќе бидат изведни песничките:
„Приказна за калинка“, „Сестрички“, „Добар ден“, „Куклата на Матеа“, „Трите бои“, „Трите братчиња“, „Луди години“, „Лето“, „Ана“, „Забава“, „Дилема“, „Другарство“, „Тато“, „Графити“, „Тинејџер“, „Гевгелија, Гел гери“, „Домашни животни“, „Фраерче“, „Збогум градинке“, „Ракометарка“, „Детство“, „Хип Хоп“, „Шарен свет“ химна „Еј калинке“.
На сцената ќе настапат: Бојана Проданова, Ана Марија и Николија Костадинови, Катерина Петрова и Фросина Кочева, Матеа Попова, Јадранка Шунлева, Тамара Ризова, Мелиса Митрова, Нела Кокочева, Снежана Дагалева, Розета Ампова, Ана Демирџиева, Ева Николовска, Марија Стојановска, Меланија Чакарова, Благоја Љатев и Софија Танчева, Ѓоргина Дачева, Катерина Роглева, Јован Лазаревски, Лара Димова и Марина Ќириќ, Иван Ристовски, Андреа Стојанова, Марија Митрова, Петар Ѓурановиќ, Андреј Ристов, Мирјана Мичева и детскиот хор кој ќе ја испее химната на фестивалот „Калинка“.
Вака звучеа калинките на претсавите изведени за децата од градинките и основните училишта. За вечерва организаторот најави одличен звук со професионална опрема, а на сцената е современо украсена со видео бим.
Среќно калинчиња!