Новите учесници и хористи заедно со танчерската група од Детскиот фестивал „Калинка“ вчера попладне изведоа дефиле низ улиците на Гевгелија.
Гевгелија деновиве пулсира со ритамот на “Калинка”, а тоа го презентираа пред пошироката јавност со уметнички перформанс во центарот на градот, на т.н. плоштад „Фонтана“.
Овде, придружувани од улични уметници и маскоти на детскиот фестивал беше изведена химната “Еј калинке, калинке”, со цел јавно да ја поканат гевгелиската публика на вечерната свечена претстава.
Денеска со почетокво 20:00 часот ќе биде изведена Гала фестивалска вечер во Народен театар Гевгелија. Снимка од фестивалот ќе биде емитувана вечерва на програмата на Македонската телевизија.
Беше испеана фестивалската химна „Еј калинке, калинке, моме здраво лично, како тебе овошје нигде нема слично…“