МВР известува дека во текот на вчерашниот ден извршени се две приведувања на лица веќе осудени кои се бараат за издржување на казна затвор.
Едниот е пронајден и приведен во реонот на Богданско, кај месноста „Паљурци“. Во полицискиот извештај е наведено дека:
– „На 05.06.2023 во 23:00 часот на регионалниот пат Богданци-Дојран, на место викано „Паљурци“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран го лишиле од слобода Б.Н.(31) од Скопје.
При контрола во возилото во кое се превезувал и по извршените проверки било констатирано дека за него била распишана потерница по наредба од Основен суд Скопје 1 за спороведување во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казна затвор.
Лицето било спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.