Вчера попладне, вторник, 06.06.2023 во 13:50 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А-1, делница село Удово – село Марвинци, општина Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл и автомобил.
Учесници во сообраќајната несреќа се возило мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од М.К.(68) од село Пирава, валандовско и патничко возило „Сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(36) од село Јосифово, валандовско.
Од здобиените повреди на местото починал 68 годишниот мотоциклист, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Валандово.
Вториот учесник во сообраќајната несреќа, возачот на автомобилот А.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од Полициската станица Валандово.