Регионалниот Центар за упревување со кризи Штип (ЦУК) информираше дека од 16:30 до 18:20 часот градот Делчево беше зафатен со големо невреме со врнежи од дожд и град. Во градот се поплавени повеќе од 60 објекти.
На терен се излезени екипи на ТППЕ Делчево и комуналното претпријатие Брегалница кои вршат испумпување на вода од поплавените објекти.
Поголем дел од градот е без снабдување со електрична енергија, соопшти ЦУК.
Улиците се поплавени, а водените буици го оштетиле и асфалтот. Поплавените домови денес се нема глетка за делчевчани.