Планирањата за летниот одмор веќе стартуваат, а честа дестинација за одмор се плажите кај нашиот јужен сосед и популарниот Халкидики.
Ако цените на Халкидики, едно од најпопуларните грчки одморалишта за нашите луѓе, останат исти во сезоната како и сега – ќе бидете пријатно изненадени.
Репортерите на порталот Телеграф Бизнис го посетија местото каде детално ги разгледаа ценовниците, и на плажите, и на пазарот, и на рестораните и според истраженото, за одмор на Халкидики, нема да треба да се одвојат повеќе од 100 евра по лице за храна и лежалки во текот на 10-те дена одмор.
Една лежалка на плажа чини 5 евра и со неа добивате бесплатен интернет, но без пијалоци. Доколку сакате да пиете и кафе, подгответе се да потрошите од 1,3 до 3 евра, во зависност од тоа дали нарачувате еспресо или нескафе.
На големиот пазар на периферијата на Ханиоти, цените на овошјето се најприфатливи. Килограм јагоди може да се купи за 3,92 евра, килограм портокали за 1,85 евра, додека лубеницата се продава од 1,1 до 1,72 евра за килограм.
Љубителите на пивото за лименка треба да одвојат од 1,05 до 3 евра. Млечните производи се најскапи. Литар млеко оди од 1,5 до околу 3 евра. Пакување од 10 јајца чини 3,49 евра.